fbpx

Објектив

Погледни подобро

Во Европа поскапуваат половните автомобили – поголема побарувачка од понуда

INDIСАTА посочува дека Европскиот пазар на користени автомили пораснал за 10,3 проценти во август (на годишно ниво). Во 12 од 13 од основните европски пазари на користени автомобили се забележува раст, а единствен исклучок е Обединетото кралство.

Силниот пораст на пазарот го потврува и генералниот европски тренд, а побарувачка на користени автомобили ја надминува понудата. Тоа објаснува зошто цените на користените возила остануваат високи бидејќи постои тенденција тие да продолжат да се зголемуваат на повеќето пазари, а во тие бројки и оние во Италија и Германија.

Најголем раст е отчитан во Турција (+ 41,7%), Пoртугaлија (+ 39%), Итaлија (+ 33,1%) и Гeрмaнија (+ 25,2%).

Единствениот пaзaр, кој забележа пад во август беше Велика Британија (-3,3%).

Особено има недостиг на користени автомобили на возраст од една година. Цените на големо остануваат високи, а дилерите се сè повнимателни при своите навики за купување.

Земајќи ја предвид оваа внимателност, како и потенцијалните нови блокади поради возобновувањето на нивото на зараза со Ковид 19, директорот на глобалниот бизнис оддел на INDIСАTА, Енди Шилдс предупредува дека барањето на европскиот пазар на користени автомобили може да се зголеми уште при последната четвртина од годината, што ќе доведе до дополнително поскапување.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107