МВР го донесе убиецот на Саздо
Јетон Јужа, третообвинетиот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо член на навивачката група „Комити“, е екстрадиран од Германија. Јужа избега во Германија, а МВР веднаш го лоцираше, по што ги извести тамошните власти дека тој се наоѓа во Хамбург, и тие постапија по меѓународната потерница која беше распишана, објави А1ОН.
Саздовски беше убиен на 29 јуни 2018 година на автобуска постојка во Автокоманда.
Две лица, Бесир Беља и Скендер Демири, во април минатата година беа осудени на по 19 години затвор.