fbpx

Објектив

Погледни подобро

Со 110 мачки живеел во стан

Во регионот на Валенсија – Шпаниј, организациите за заштита на животните во Шпанија итно бараат дом за 110 мачки, откако тие и нивниот сопственик биле иселени од стан.

Од прифатилиштето за животни во градот југоисточно од земјата, првично помислиле дека во станот има 96 мачки. Но, до саботата вечер тие објавија дека има уште 14 и дека им треба засолниште, барем до вакцинирање или стерилизација.

Мачките останаа без покрив над главата, откако беа иселени од станот од 100 квадратни метри со сопственикот.

– Очигледно, сопственикот зел неколку мачки пред три години и оттогаш се размножуваат – изјави за Франс прес Салвадора Тормас, која работи во засолништето, пренесува Гардијан.

Тие не можеле да ги примат сите, бидејќи тие веќе чуваат 200 мачки.

Тормас исто така рече дека сопственикот на мачките е млад човек.

– Тоа е катастрофа. „Некој требало да му помогне на ова момче“, рече таа.

Локалните власти ги информирале, но не добиле помош за да ги вратат сите животни, додава таа.

Волонтерите од прифатилиштето работеле дење и ноќе за да се осигурат дека сите мачки се згрижени.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107