Што се случува со водите во земјава?: Водостојот на реките далеку под септемврискиот просек
Повеќето реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат пад на нивоата под просекот за септември.
Според УХМР, драстични намалувања бележат Вардар кај Јегуновце и Црн Дрим кај Ложани.
Зголемени се водостоите само на Вардар кај Скопје и Велес и на Црна Река кај Новаци.
Состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, не бележи поголеми промени, но сите се под задоволителното ниво за овој период од годината.