fbpx

Објектив

Погледни подобро

26 годишно момче претепано во Градски Парк

Дваесет и шестгодишен скопјанец околу полноќ кон неделата бил нападнат од три засега непознати лица во Градскиот парк, при што му е нанесена повреда и со остар предмет, извести Министерството за внатрешни работи.

илустрација
илустрација

Инцидентот во 00.15 часот бил пријавен во СВР Скопје. Од клиничката болница „Аџибадем Систина“ имено било пријавено дека бил донесен 26-годишниот А.Р. од Скопје, со тешка телесна повреда нанесена од остар предмет.

Според пријавеното, тој бил нападнат од три лица во Градскиот парк во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: