fbpx

Објектив

Погледни подобро

Еве зашто во Струмица вчера беше украдено телото на мртовецот

Сопругата и ќерката го донеле во 10 часот, а во 14 часот веќе бил погребан. Немало ни време за да му се направи тест за коронавирусот – изјави за Плусинфо, директорот на струмичката болница Наќе Гогов.

Лицата што дошле во болницата за да го украдат починатиот пациент се плашеле од тоа да не им побараме да платат 500 евра, изјави за Плусинфо, директорот на струмичката болница Наќе Гогов.

– Никој од нашата болница не им побарал никакви пари на луѓето. Можеби тоа го сториле погребалните оператори, но тоа нема никаква врска со нас – рече Гогов.

Тој објасни дека на пациентот не му бил направен тест за ковид-19, оти, како што истакна, немало време за такво нешто.

– Ние немаме увид во тоа со кого контактирал пациентот пред да биде примен во нашата болница. Тој беше донесен без направен тест за ковид-19. Сопругата и ќерката го донеле во 10 часот, а во 14 часот веќе бил погребан. Немало ни време за да му се направи тест за коронавирусот – посочи Гогов.

Инаку, станувало збор за 49-годишен пациент од Струмица кој бил хоспитализиран со зголемена телесна температура, со висок крвен притисок и малаксаност.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107