Рекордни 746 казни за ненсење маски за едно деноноќие
Статистиката укажува дека граѓаните се помалку ги почитуваат протоколите за заштита од коронавирусот, а маските се повеќе изостануваат.
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.09.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 746 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.