fbpx

Објектив

Погледни подобро

Град Скопје пoчнyвa co пpиcилнa нaплaтa на дaнoкoт на имoт и фиpмapинa

Град Скопје ги известува граѓани дека во согласност со Законот за даноците на имот, започнува постапката за присилна наплата на неплатените обврски за годишен данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

„Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на градот. Рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е веќе поминат и изготвени се решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници“, се наведува во соопштението на градските власти.

Доколку обврзниците на постапат по ваквите решенија, ќе биде изготвено решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

📢 ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЧНУВА СО ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2019Град Скопје ги известува сите…

Posted by Град Скопје on Wednesday, September 23, 2020

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: