fbpx

Објектив

Погледни подобро

Дозволено му било на Пер да игра заразен со коронавирус

Францускиот тенисер Беноа Пер, му го предаде натпреварот од првото коло на турнирот во Хамбург, на Норвежанецот Каспер Руд. Тој физички не можеше да го издржи дуелот со Норвежанецот, кој во моментот на прекинот водеше со 6:4, 2:0.

Ваквиот исход не треба да зачудува, бидејќи Пер имаше проблеми со коронавирусот уште пред стартот на турнирот во Њујорк, каде не му беше дозволено да игра. За работата да биде уште поинтересна, него докторите во Хамбург му дозволиле да игра и покрај тоа што повторно имал позитивен тест.

-АТП треба да ми објасни какви се правилата. Во Париз некои играчи кои се негативни, а чии тренери се позитивни беа суспендирани. Во Германија сте позитивни и можете да играте. Можам да им кажам благодарам на лекарите што ми дозволија да игра, изјави Пер.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107