fbpx

Објектив

Погледни подобро

Посебен режим на сообраќај во Скопје на 25 и 26.09.2020

На 25 и 26.09.2020 (петок и сабота), Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета на претседателот на Република Словенија, Н.Е. г. Борут Пахор на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: