fbpx

Објектив

Погледни подобро

Пандемијата допрва ќе започне

Водечкиот германски епидемиолог, Кристијан Дростен, во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот на Германија со корона кризата.

„ За да се надмине ситуацијата, треба да промениме некои работи во наредните месеци. Пандемијата всушност ќе започне сега. И во Германија”, рече Дростен, додавајќи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.

Минхен од вчера значително ги заостри мерките против коронавирусот. Само пет лица или членови на две домаќинства имаат дозвола да се собираат во угостителски објекти и јавни простории.

Приватни прослави во затворен простор се дозволени за 25 гости, и до 50 на отворено.

На некои јавни површини во Минхен, исто така е задолжително да се носат заштитни маски, а тоа се главно популарни места за собирање во главниот град на Баварија – Мариенплац, Сендлинген Штрасе и слични локации.

Построгите мерки би требало да траат седум дена.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: