Штипското Инфективно одделение остана САМО со двајца инфектолози: Каде е проблемот?
Од целиот источен регион, штипската Клиничка болница остана со двајца инфектолози. Проблемот со недостиг на лекари на Инфективното одделение го решава со ротирање на лекари од другите одделенија.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека проблемот се појавил откако еден од инфектолозите заминал на боледување, а Општата болница во Струмица си го врати инфектологот во матичната болница, поради големиот број на новозарзени во овој регион.
– Работата ја менаџираме со сопствен кадар, заедно со интернистите и кардиолозите од нашата Клиничка болница се пополнуваат дежурствата на помош се повикуваат и дел од онколозите, коишто работат во болницата и оние четири општи лекари, кои ги имае примено и се секундарци и тие даваат придонес во работата на Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.