fbpx

Објектив

Погледни подобро

Колегите реагираат: Смртта на медицинската сестра од Охрид е резултат на грешка во протоколите

Медицинската сестра чиј живот згасна поради последица на компликации од Ковид19, последните неколку години работела во дневната болница и на интерното одделение каде од опасниот вирус се заразија две медициски сестри, една докторка и еден болничар. Низ одделенијата на охридската општа болница која е регионален Ковид центар, изминатиов период поминаа голем број заболени лица, епидемиолозите сметаат дека здравствените власти требаа да направат понакви протоколи со цел подобро да се заштитат медицинарите и да се спречи ширењето на заразата низ болничките одделенија.

„Веројатно се заболија од пациенти, бидејќи во почетокот знае тестот да даде и негативен резултат, а да има клиничка слика пациентот. И таквите лица кои што немаат потврден тест не се лекуваат на инфективното одделение, туки напротив се лекуваат на интерното одделение. А штом има изразита клиничка слика и лабараториска крвна потврда, тогаш би требало според мене да бидат лекувани барем на геријатрија каде што се сомнителни. Меѓутоа се направи пропуст, тие беа вратени да се лекуваат на интерното одделение, така и се заразија здравствените работници“, вели д-р.Јованка Коровешоска – епидемиолог.

Без оглед на клиничката слика, кога ќе дознаат дека се позитивни, пациентите веднаш бараат да им се направи рентген снимка и лабараториски испитувања, а сето тоа ја зголемува можноста од ширење на заразата во чекалните –додава Коровешоска.

Директорот на болницата доктор Балев, тврди дека здравствената установа во ниту еден момент не била кластер за извор на инфекции. Со оглед на големиот наплив на позитивни пациенти, состојбата во болницата е стабилна – додава тој.

„Ова е сепак фреквентна болница каде што исциркулирале огромен број позитивни пациенти. За ваша информација само комјутерот во месец август 240 снимања правел за месец дена, од кои 40 % биле позитивни пациенти. Сето тоа не е едноставно нити да се изменаџира ниту да се сработи“, вели д-р Горан Балев-дир на општа болница Охрид.

Инаку охридската болница е една од 16-те установи во чии рамки требаше до месец октомври да бидат подигнати монтажни болници, но барем за сега ништо од тоа. Во пикот на заразата на есен, болниците ќе мора сами да се снаоѓаат и реорганизираат, бидејќи според наши информации ќе биде чудо доколку монтажните болници бидат готови пред нова година.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: