fbpx

Објектив

Погледни подобро

Невработеноста во гевгелиско ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕНА!

Официјалните податоци за невработеноста во Гевгелија велат дека повеќе од двојно е зголемена од пред почетокот на пандемијата.

Повеќемесечните затворени граници речиси ги замреа казината, стоматолошките ординации и други услужни дејности коишто функционираа главно со гости од Грција, па невработеноста во овие сектори се повеќе расте.

Поцков вели дека бројката на невработени е сигурно поголема, бидејќи без приходи останале и голем број луѓе кои не се евидентирани во системот како баратели на работа.

Општината неодамна организираше средба на стопанствениците од градот со министри од Владата за да алармираат за состојбата со локалната економија.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: