По разводот Емилија Розман и Андреј од ДНК одат на вечери за нови почетоци
Манекeнката и модел Емилија Розман, продолжи да го живее својот живот по експресниот развод на бракот што го склучи пред само два месеци.
По разводот често се дружи со своите пријатели, а често ја гледаме во друштво на пејачот Андреј од дуото ДНК.
Пред само една недела Розман на социјалните мрежи објави фотографија со него, под која напипша „За нови почетоци, свеж старт, животот оди“.
Што се крие под ваквиот опис, и за каков нов почеток станува збор се уште не знаеме, меѓутоа Розман и Андреј и вчера повторно беа на заедничка вечера, а на објавената фотографија пишуваше „најсилни заедно“.