Протест и контрапротест во Битола: Едниот против полициска бруталност, другиот за поддршка на службениците
Во Битола ќе се организираат два протеста, едниот денеска против полициската бруталност, другиот в среда за поддршка на полициските службеници кои беа суспендирани откако на социјалните мрежи се појави видео како тепаат граѓани.
Протестот против полициската бруталност ќе почне точноо на пладне во организација на неколку граѓански здруженија.
Но на социјалните мрежи се споделува и повик за контрапротест. За поддршка на полицајците ќе се маршира в среда, почнувајќи од Широк сокак, по што протестирачите ќе се упатат кон СВР Битола и Јавноот обвинителство. На овој протест ќе се бара повлекување на кривичните пријави и дисциплинските постапки против полициските службеници.