Сите кои добиле субвенции за инвертери, ако продолжат да се греат на дрва, ќе враќаат пари
Сите кои добиле субвенции од 1.000 евра за набавка на инвертер клима за затоплување на домот, ако бидат фатени дека и понатаму се греат на дрва, нафта или јаглен ќе треба да ги вратат парите.
„Денеска во Општина Сарај започнуваме со предавањето на печките на дрва, јаглен или нафта од оние граѓани кои аплицирале за субвенции за инвертер клими. Во Сарај имаме пријавено 160 домаќинства, што значи 160 оџаци помалку оваа зима во овој дел од градот. Комисијата ќе врши инспектирање за да се види дали навистина граѓаните ги користат инвертерите или направиле измама. Ако и понатаму се греат на дрва, односно денеска дале стара печка, а имаат друга која ќе ја користат за загревање на домот, ќе треба да ги вратат парите“, рече градоначалникот Петре Шилегов.
Град Скопје доби од Владата 5,2 милиони евра за субвенционирање на домаќинставата за промена на начинот на загревање на домовите, како една од мерките во борбата против загадувањето.