fbpx

Објектив

Погледни подобро

Сопруга на турски фудбалер нудела милион евра за негово yбиcтвo!

Весникот „Хуриет“ објави дека сопругата на легендарниот фудбалер Емре Ашик се обидела да нарача негово yбиcтвo. Ашик не бил формално разведен од неговата сопруга Јагмур, но со години не живееле заедно и воделе правна битка по cyдовите за старателство на нивните три деца. Јагмур нудела 1,1 милион евра за yбиcтвo на нејзиниот сопруг, но планот не успеал, откако човекот што требал да го изведе делото, се пријавил во полиција.

„yбиeцoт“ по име Ерди Сунгур во полиција пpизна дека имал интимна врска со сопругата на Ашик, а таа сакала да го yбиe со цел да се стекне со неговото богатство, кое е проценето на неколку милиони евра, како и да го добие целиот негов имот во Истанбул, кој исто така вредел многу пари.

Ашик важи за еден од најголемите турски фудбалери и еден од ретките кој има играно за најголемите три клуба Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ. За турската репрезентација настапи на 34 натпревари, а беше дел од генерациите кои играа полуфинале на СП 2002 и ЕП 2008.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: