fbpx

Објектив

Погледни подобро

Главниот спонзор на Гранада го понижи клубот со една слика (ФОТО)

Екипата на Гранада доживеа тежок пораз од Атлетико Мадрид во третото коло од Ла Лига откако во првите две имаше максимален ефект.

Дебаклот од 6-1, во шоуто на Луис Суарес не го остави рамнодушен ни главниот спонзор на клубот кој на Твитер објави, најблаго речено, вулгарна фотографија.

 

„Мапа на движењето на Жоао Феликс против Гранада“, пишуваше на твитот за кого денеска зборува цела Шпанија, а на кој е нацртан пенис како оди кон задник. Логото на оваа компанија доминира на предната страна од дресовите на фудбалерите на Гранада.

Навивачите на Гранада жестоко реагираа на твитот, а подоцна со своја реакција се јави и андалузискиот клуб кој побара малку повеќе респект од компанија која постои 89 години.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: