fbpx

Објектив

Погледни подобро

Ерменија и Азербејџан на работ на војна – Прогласена воена состоја

Војната во областа Нагорно-Карабах не запира и наспроти дипломатските апели за прекин на огнот, се бројат нови жртви. Според последните објавени податоци од страна на Ерменија, до 28 септември претпладне се убиени 39 лица, од кои 7 се цивили. Азербејџан не соопштува податоци за жртвите.

Судирите меѓу двете поранешни советски републики, кои војуваа во 90-тите години од минатиот век, почнаа во неделата наутро и продолжија во понеделникот, со распоредување на тешка артилерија на двете страни.

Нагорно-Карабах, област населена главно со Ерменци, се одвои од Азербејџан во конфликтот што избувна по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година. Самопрогласената република Нагорно-Карабах бара целосна независност и за тоа има поддршка од Ерменија, додека Азербејџан нуди само културна автономија. Се смета дека во војната меѓу Азербејџан и ерменските сепаратисти, од февруари 1988 година до мај 1994 година, загинале повеќе од 20.000 луѓе.

Иако во 1994 година беше договорено примирје, откако илјадници луѓе беа убиени и многу други беа раселени, Азербејџан и Ерменија често се обвинети за нападите околу Нагорно Карабах и по граничната линија.

Турција отворено го поддржува Азербејџан. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и му вети помош на својот традиционален сојузник. Ердоган смета дека Ерменија е „најголемата закана за мирот во регионот“ и го повика целиот свет „да застане зад Азербејџан во неговата борба против инвазијата и суровоста“.

Претседателот Доналд Трамп во неделата изјави дека САД ќе се обидат да го запрат насилството. Американскиот Стејт департмент го осуди насилството повикувајќи на итен прекин на непријателствата, како и на каква било реторика или акција што ќе ја влоши ситуацијата. Европската Унија и ОБСЕ ги повикаа двете страни да ги запрат воените дејствија и да им се вратат на преговорите. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повикаа двете земји веднаш да ги прекинат воените дејства, да започнат со деескалација на тензиите и без одложување да се вратат на преговори.

Инаку, каспискиот гас и нафтата што одат од овој дел во светот кон Европа и на други страни, минуваат низ нафтоводи и гасоводи преку Нагорно-Карабах.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107