fbpx

Објектив

Погледни подобро

Од денес исплата на августовската пензија, 15.000 пензионери ќе останата без својата пензија, еве зашто

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на крајот на август останале помалку од 15.000 пензионери, коминтенти на пропадната Еуростандард банка кои не отвориле сметка во друга банка.

Тие, како и жителите на некои села во кои нема шалтер за платен промет, па пензијата им ја носеше поштар на домашна адреса и овој месец нема да можат да си ја подигнат пензијата. Според последната исплата што ја направила Еуростандард банка пред затворањето, на домашна адреса со посредство на Пошта пензијата ја примиле 34.755 пензионери. Од нив без августовската пензија ќе останат оние кои во меѓувреме не отвориле сметка во банка.

Од денеска повторно редици и турканици пред банките. Почнува предвремената исплата на августовските пензии.

Како и низ целиот период од почетокот на корона-кризата во нашата земја и сега пензиите ќе се подигаат речиси во текот на целата работна недела по распоред според висина што го направи Министерството за труд и социјална политика. Но, ако се има предвид досегашното искуство според кое најчесто пензијата се подига на определениот ден, а се работи за вкупно над 300 илјади пензионери, метежот пред банките и овој пат ќе биде неизбежен, особено во градовите каде има помалку банкарски шалтери.

Од друга страна, од јули кога Еуростандард банка отиде во стечај има околу 500 шалтери помалку за подигање на пензиите. Еуростандард банка имаше склучено договор со Македонска пошта на нејзините шалтери да врши платен промет, а по затворањето на банката тој договор прекина, па пензионерите кои беа нејзини коминтенти мораа да отворат сметки во други банки за да си ги подигаат пензиите. Пошта на почетокот на месецов доби понуди од голем број банки за преземање на шалтерите за платен промет, но Владата како нејзин сопственик сè уште на дневен ред не стави точка за носење одлука со која банка ќе се склучи договорот.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на крајот на август останале помалку од 15.000 пензионери, коминтенти на пропадната Еуростандард банка кои не отвориле сметка во друга банка. Тие, како и жителите на некои села во кои нема шалтер за платен промет, па пензијата им ја носеше поштар на домашна адреса и овој месец нема да можат да си ја подигнат пензијата. Според последната исплата што ја направила Еуростандард банка пред затворањето, на домашна адреса со посредство на Пошта пензијата ја примиле 34.755 пензионери. Од нив без августовската пензија ќе останат оние кои во меѓувреме не отвориле сметка во банка.

Според распоредот за подигање на пензиите, денеска парите ќе бидат достапни за сите пензионери кои користат платежни картички, а на шалтер ќе може да се подигнат само оние во висина до 11.000 денари. Утре се на ред пензиите до 14.000 денари, во среда до 18.000 денари, а во четврток повисоките од таа сума.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107