fbpx

Објектив

Погледни подобро

Проект „Безбедни семејни зони“ наменет за заштита на бремените жени и децата до 3 годишна возраст

Проектот „Безбедни семејни зони“ посебно е насочен за заштита кон децата кои учествуваат во сообраќајот и бремените жени, кои исто така учествуваат во сообраќајот.

Преку реализација на овој проект се праќа силна порака за заштита на бремените жени и децата до 3 годишна возраст, проект што овозможува дефинирање безбедни семејни паркинг зони, на кои ќе можат да паркираат бремени жени или родители на деца до 3 годишна возраст.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод обележувањето на паркинг местата за проектот „Безбедни семејни зони“ во реализација на АМСМ, во соработка со МВР, Градот Скопје и ЗЕЛС.

Овој проект, информира тој, е во фаза на имплементација целосно во Скопје, а ќе се продолжи со негова имплементација и во Велес, Куманово, Охрид и други, со цел на територијата на целата држава да го имплементираме проектот и на тој начин, потенцира Спасовски, да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107