fbpx

Објектив

Погледни подобро

Само Јанакиески остана да одговара за настаните пред Општина Центар

Со денешните завршни зборови за настаните пред Општина Центар од 2013 година конечно завршува овој случај. На општо изнанадување Обвинителката Фатиме Фатаи во четвртокот достави сосема нов обвинителен предлог во кој го повлече обвинението за тројца обвинети без да презентира дополнителни аргументи и факти.

Во новото обвинение нема посочено кој директно и издавал инструкции на насобраните луѓе.откако во старото, за ова се товареше сега ослободената Даниела Рангелова заедно со осуденитеТомислав Лазаров и Јордан Ристовски. Востарото обвинение, обвинителите ги посочуваа Ристовски, Лазаров и Рангелова дека преку пораки им кажувале на присутните предопштината како да се однесуваат.

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески, тврди декаподнесувањето на ново обвинение е поради тоа што Јанакиески успеал да ги оспори сите докази на Обвинителството. Доколку немало ново обвинение Јанакиески ќе требаше да биде ослободен од вина.

Ако се направи анализа на она што се случуваше во овие четири години може да се заклучи дека утре ќе му се суди само на Јанакиески бидејќи Лазаров се договори и доби условна казна а Рангелова ја ослободи Обвинителството.Груевски пак е помилуван за ова дело и не може да одговара.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107