fbpx

Објектив

Погледни подобро

Азербејџан се закани: ЌЕ ГИ УНИШТИМЕ ЕРМЕНСКИТЕ РАКЕТНИ СИСТЕМИ Ѕ-300

Вооружените сили на Азербејџан ќе ги уништат противвоздушните ракетни системи Ѕ-300 на ерменската армија, која се движи кон Нагорно Карабах, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, полковник Вагиф Даргахли.

– Според нашите разузнавачки податоци, противвоздушните ракетни системи Ѕ-300, кои го покриваат воздушниот простор на Ереван се повлечени од борбената должност и се движат кон окупираните територии (Нагорно Карабах). Соопштуваме дека ги чека судбината на уништена воена техника на ерменската војска во Нагорно Карабах, нагласи Даргахли.

Тој истакна дека последните борби „уште еднаш покажуваат дека митот за непобедливоста на ерменската војска е неоснован“.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: