fbpx

Објектив

Погледни подобро

Владата на сила турка попис

Во неколку наврати изминатите години политичките елити не можат да се усогласт за попис на населението во Македонија.

Во Македонија последниот попис е спроведен во 2002 година. Поради таа причина сите проценки кои што се прават се направени врз основа на административни податоци кои се застарени и не ја покажуваат реална состојба на населението.

Освен првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и бизнис секторот веќе од поодамна бара да се направи попис на населението. Бизнис секторот со години тврди дека тоа што немаме статистички точни податоци и реална ситуација, поради неспроведување на попис на населението, ја поткопува и економијата.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, смета дека пописот е неопходен и важен бидејќи податоците се неопходни како подлога за каков било вид на економски проекции.

Пописот е важен бидејќи е подлога за секаков вид економска проекција. Од кога го немаме, прашање е дали тие проекции имаат реална основ – вели Азески.

Директорот на Државниот завод за статистика, Ангел Симовски, за телевизија „Сител“ вели дека потребата да се направи попис е итна, бидејќи сите статистички истражувања се од истражувањата од последниот попис.

Пописот предвиден за април следната година ќе биде теренски, со комбинирано користење на податоци од регистри. Според Симовски Македонија се уште не е подготвена наместо со теренски попис сите релевантни податоци од државата да ги собира преку државните институции затоа што тие не се комплетно функционални.

Самите излезни резултати кога се пресметуваат како одредени индикатори по жител, на пример БДП по жител, стапки на наталитет, морталитет итн., бидејќи немаме одамна попис, а проценките коишто ги правиме се врз основа на административни податоци, не покажуваат реална состојба на населението вистински, бидејќи недостасуваат миграциите, недостасува иселувањето во странство, што за жал, тешко или поточно невозможно е да се следи статистички и административно. И така ние фактички делиме одреден податок со поголема маса на население за да добиеме некаков индикатор, којшто во суштина е помал од она што е реалната вредност на тој индикатор – вели Симовски.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: