fbpx

Објектив

Погледни подобро

ДАЧИЌ: Хаг подготвува апсење на Хашим ТАЧИ!

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, тврди дека во Хаг е најавено апсење на поранешниот премиер и претседател на Косово, Хашим Тачи.

Дачиќ истакна дека е сигурен во тоа што го тврди.

Во гостување на телевизијата „Хепи“, Дачиќ порача дека Тачи знае што го чека и дека судот нема да објави дали обвинението против Тачи е прифатено или не.

Дали (Тачи) ќе биде осуден или не, не знам. Но, тој ќе биде уапсен, веројатноста е 99 проценти – изјави Дачиќ.

Српскиот министер посочи дека никој не треба да се радува на тоа, туку треба да се бараат докази.

Треба да учиме од Евреите… да знаеме за секоја жртва, историја, да запомниме, едноставно да бидеме наша национална болка што треба да ја пренесуваме од колено на колено – изјави Дачиќ.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: