fbpx

Објектив

Погледни подобро

КАЈ СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕНИ ДРОГА И МУНИЦИЈА – ОЈО БАРА ПРИТВОР

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомневање дека едно лице ги сторило кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”  и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

– Осомничениот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” и на адресата на која непријавено престојувал на улица „Париска” во Скопје, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во зипер кеса, две целофански пакувања и бело најлонско пакување со вкупна нето маса од 29 грама, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Cannabis, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. При претресот била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Тој недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол, соопштија вечерва од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, се наведува во соопштението, доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење односно дека ќе се даде во бегство и постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107