КОМПАНИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ДАДАТ ОТКАЗ НА 80.000 ЛУЃЕ
Денеска весникот „Handelsblat“ врз основа на своите истражувања објави дека се очекува германските компании да отпуштат најмалку 80.000 работници до крајот на следната година.
До крајот на оваа година ќе бидат загубени 40.000 работни места, но програмите за реструктуирање на компаниите во текот на 2021-ва и економското влијание од пандемијата со Ковид-19, како што се претпоставува, двојно ќе го зголеми овој број.
Се очекува намалување на обемот на деловната активност во сите сектори, особено во технологијата, софтверот и храната.
Германските медиуми предупредуваат, само за споредба, дека компаниите кои се наведени на „DAX“ отпуштија 85.000 работници во текот на глобалната економска криза во 2008-2009-та година.