fbpx

Објектив

Погледни подобро

Откриени насади со марихуана во Кавадарци, приведени татко и син

Полицијата откри насади со марихуана кај местото Јаворица, а притворени се татко и син кои се осомничени дека ги насадиле стеблата. Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори итрага против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи.
„Во координирана акција и извршен претрес, на 28 септември, во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, пронајдени се 65 стебла од растението Канабис Сатива. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите“, соопшти Обвинителството. При претресот, пронајдено е и оружје кое осомничените неовластено го држеле и тоа 8 патрони за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм.
Судот им определи притвор на осомничените од по 30 дена.​
error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107