fbpx

Објектив

Погледни подобро

Шилегов: Нема компромисен став во однос на објектите од Скопје 2014 – Град Скопје продолжува со остранувањето

Петре Шилегов  – градоначалникот на Град Скопје вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014.
-Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е она што е наша јурисдикција. Но ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како нинституции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземет, а тоа е да ги остранат дивоградбите наречени Скопје 2014, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на аркингот за велосипеди „Велоштад“ во рамките на Транспортниот центар.
Нема компромисен став во однос на објектите од Скопје 2014, вели Шилегов и додава дека институцијата со која раководи е единствената институција која досега има отстрането такви обележја. Тој додава дека се уште не се имплементирани препораките што ги дала комисијата формирана од Владата во врска со овој проект, но очекувам да почне да се работи попосветено на ова прашање имајќи го предвид и дописот кој Владата го има испратено до Општина Центар за носење на новиот детален урабанистички план за Мал ринг.
error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107