ОТФРЛЕНА ТУЖБАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО НА НАРОДНА БАНКА
Отфрлена е тужбата на Ерудостандард банка од страна на Управниот суд. Тужбата се однесуваше во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернетката Ангеловска-Бежоска.
Образложувајќи ја одлуката, Управен наведува дека за Еуростандард банка е отворена стечајна постапка и согласно Законот за стечај и Законот за трговски друшства е извршена промена на податоците во Централен регистар и единствено областено лице е Душко Тодевски, стечаен управник, кој што има овластување да ја застапува банката.
– Од овие причини, Управниот суд ја отфрли тужбата на тужителите поради непостоење на активна легитимација, а согласно членот 203 став 2 од Законот за парнична постапка на чија примена упатува членот 14 став 1 од Законот за управните спорови, се вели во образложението.