fbpx

Објектив

Погледни подобро

ПАРКИНГОТ КАЈ ДРЖАВНА ЌЕ ПОСКАПИ

Паркингот во рамките на Комплексот клиники Мајка Тереза ќе поскапе. Вака одлучи претпладнево мнозинството предводено од СДСМ во Советот на Град Скопје и го усвои предлогот на градоначалникот.

Во време на светска пандемија кога здравствените услуги за многумина се неопходни цената на паркингот на Клинички се зголемува од 25 на 30 денари.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодмна се пофали со изградбата на новиот паркинг кај Гинеколошката клиника за кој граѓаните се шегуваа дека е единствената инвестиција на СДСМ во здравството изминатите три години. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да прими 150 возила, но очигледно граѓаните скапо ќе ги чини.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: