fbpx

Објектив

Погледни подобро

Дневен Ковид-19 биланс: Рекордни 225 новозаболени од 1694 тестови, 6 пoчинaти лица

Во изминатото деноноќие се регистрирани 225 новозаболени од ковид-19 од 1.694 тестови, што е највисока бројка во земјава од почетокот на коронакpизата. Според Министерството за здравство, најмногу нови случаи на ковид-19 има во Скопје-96 и во Кочани 17, па следат: Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1,  Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Во болнички услови пoчинaa 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83 години), по еден од Прилеп (78), Тетово (63) и Битола (59).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 18.363, оздравеа 15.164, починаа 749, а активни се 2.450. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.195, активни 834

• Куманово 1.785, активни 182

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1.269, активни 56

• Прилеп 697, активни 126

• Тетово 1.470, активни 150

• Струга 676, активни 45

• Велес 335, активни 36

• Битола 322, активни 71

• Охрид 432, активни 35

• Кавадарци 247, активни 47

• Гостивар 938, активни 83

• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 272, активни 167

• Крива Паланка 120, активни 34

• Радовиш 90, активни 26

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 392, активни 172

• Пробиштип 116, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 7

• Пехчево 45, активни 4

• Берово 114, активни 39

• Валандово 39, активни 26

• Виница 117, активни 28

• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 359, активни 46

• Кичево 332, активни 36

• Ресен 164, активни 11

• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333, Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со ПЦР метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 59

• Гази Баба – 100

• Аеродром – 141

• Карпош – 111

• Центар – 127

• Кисела Вода – 95

• Ѓорче Петров – 59

• Бутел – 29

• Шуто Оризари – 18

• Студеничани – 8

• Сарај – 14

• Арачиново – 6

• Илинден – 33

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 6

• Петровец – 5

• Зелениково – 3

• Странец – 12

• Нераспределен-5

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107