fbpx

Објектив

Погледни подобро

Ахмети: Се што требаше кажав пред обвинителката Фетаи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ден по распитот кај обвинителакта Фатиме Фетаи за случајот “Попис” во кој тој е осомничен заедно со експремиерот Никола Груевски  изјави  “Mојата агенда беше исполнета со состаноци и затоа мојот исказ во Јавното обвитнелтвото го дадов порано од договоренот”.

Ахмети вчера беше искритикуван во јавноста затоа што наместо во договорениот термин во 10 часот исказот го даде два часа порано што оддаде впечаток дека тоа го направил со цел да ги избегне новинарските екипи. Лидерот на ДУИ рече дека пред обвинителакта Фетаи кажал дека пописот во 2011-тата, за што се однесува овој случај, бил одложен за да не се создадат проблеми во државата.

“ Како што сите сте информирани се работи за случајот за пописот. Јас сум го дал својот исказ пред правните органи во тоа време беше многу вклучувајќи тензични ситуации меѓу етникумите и се направи работа меѓу пратениците со најдобра цел да се одложи пописот за да не се створат проблеми во државата зошто многу луѓе сакаа во тој период нашата држава да се дестабиизира што значи деак соранието и сите пратеници сакале да се менаџира стиацуиката и сите заеднички и јас како 120ти пратеник сме одлучиле да се одложжи имајќи ја во предвид ситуациујата во коај биа нашата држава во тоа време. “изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Алхмети во Попис е осомничен дека заедно со Груевски ја злоупотребиле службената положба и како коалициски партнери се договориле да го прекинат пописот. Според обвинителството, тие пристапиле кон спроведување на пребројувањето на населението, но откако виделе дека немаат капацитет да ги сокријат демографските факти за земјата, тие, со цел да избегнат одговорност, се договориле да претстават дека причините за стопирање на пописот се од техничка природа, а со тоа го оштетиле буџетот за 2,8 милиони евра.

Ахмети на почетокот на септември даваше исказ и во специјалното обвинителство во Приштина, но како што тврдеше во својство на сведок.. До денеска вели дека не добил инфирмација до каде е целата постапка, а не сакаше да открие ниту што кажал пред хашките обвинители.

“ Немам повратна информација јас сум ја завршил мојата обврска кон специјалннот суд до завршување на сите постапки и процедури внатре во обвинителствито и во судот ќе останат внатре сите информации јас не би сакал бидејќи сум јавна личност јас не би сакал да споделам каков исказ сум дал до завршуавње на овој процес или епилог зошто треба да остане се внатре. “изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ..

Лидерот на ДУИ пред хашките обвинители во Приштина одговарал на прашања поврзани со воените злосторства на ОВК за време на косовската војна. За овој случај е покренато обвинение за косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот премиер Рамуш Харадинај и Кадри Весели.

 

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107