fbpx

Објектив

Погледни подобро

Во недела да не работи ништо, a работното време на кафулињата до 22:00 часот

Членови на Комисијата за заразни болести викендов прават анализи за начинот на кој што се пренесува корона вирусот, поради што може да дојде до ескалација на епидемиолошката состојба, по што во понеделник, како што информираат изворите на Фактор ќе излезат со неколку препораки до Владата.

  • Прво дефинитивно ќе предложиме да се намали работното време на локалите, ноќните клубови, кафулињата и така натаму, практично секаде каде што има голема концентрација на луѓе, а речиси никој не ги почитува мерките за заштита од корона вирусот. Ние навистина дозволивме угостителските објекти да работат од економски аспект, но ова повеќе нема никаква смисла, сè е претерано, и нормално е да имаме рекордни бројки на новозаразени. Еве, токму синоќа во локал во Драчево имало присутни повеќе од 2.000 луѓе. Гостувал некој пејач од Србија. Навистина не знам со кој памет се прави сето ова. Затоа нашата препорака ќе биде работно време за угостителските објекти и ноќни локали да биде ограничено до 22 часот. Сметаме дека рестриктивните мерки навистина имаа добри резултати – Велат изворите.
error

Ви се допадна објавата? Споделете на: