Можен карантин за продолжениот викенд кој следи?!
Владата сериозно размислува за воведување карантин или полициски час за продолжениот викенд кој следи. Поради празникот 11 октомври, следниот понеделник ќе биде неработен ден.
Скопје Инфо неофицијално дознава дека последните растечки бројки на заразени од коронавирусот во државата го вклучил алармот во Комисијата за заразни болести од каде било побарано примена на поригорозни мерки за продолжениот викенд. Како една од мерките побарани од нивна страна било воведување на мерката карантин.
И следните денови ќе следиме какви ќе бидат бројките на новодијагностицирани. Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно. Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле, рече Филипче по вчерашниот состанок со Комисијата за заразни болести.