fbpx

Објектив

Погледни подобро

СОНК БАРА: Нов кадар и наставниците со зголемен ангажман да бидат повеќе платени!

Oд Незавсиниот синдикат за образование бараат вработување на нов наставен кадар или исплата на дополнителен труд на наставниците чии работни часови се дуплираат поради зголемениот број на паралелки.

Синдикатот обвини дека директори на училишта вршеле притисоци врз наставниците кои одбиваат да да ги снимаат часовите и да подготват видео – предавања за он лајн платформата, затоа што според нив, и тоа е дополнителен анагажман покрај редовниот.

„Ќе постапат како што постапија нашите колеги од Бугарија, од Босна, каде што на јавен оглас ги повикаа наставниците, им беше платено, се пријавија многу зашто таа работа им беше платена, ги одбраа најквалитетните, им дадоа шанса и помина сето тоа процедено, беше убаво регулирано и ги имаа најубавите платформи, а вака на сила, присилено, знаете како излегува“, рече Томислав Гиевски – претседател на Независен синдикат за образование.

Од Независниот синдикат бараат и ревизија на финансиското работењето на училиштата поради недостигот на компјутери.

„ Дел од колегите поради солидарност имале можност да донесат од дома компјутер, но има огромен број колеги кои што имаат десктоп или немаат компјутер“, додава Гиевски.

За слични проблеми на стартот на учебната година реагираа и од СОНК, од каде вчера соопштија дека се сретнале со министерката за образование Мила Царовска и се договориле општините да направат анализа за потребата од вработување на нов наставен кадар. Царовска ги повика наставниците да се солидаризираат за да има континуитет во учењето кај децата.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: