СРБИЈА ШОКИРАНА: СИНОТ ГО ЈАДЕЛ МРTВИОT ТАТКО – OВА Е СТАНОТ КАДЕ ШТО ЖИВЕЕЛЕ
Веста дека синот го јадел својот мртов татко седум дена во нивниот семеен стан во Глогоњски рит ја шокира Србија но и регионот.
Имено, белградската полиција, откако станарите вчера пријавиле, го пронашла распарчениот труп на еден човек во стан во Глогоњски рит во близина на Белград.
Како што се испостави, соседите неколку дена се обидувале да стапат во контакт со починатиот маж, бидејќи низ зградата се ширела неподнослива смрдеа, која доаѓала од тој стан.
Кога полицијата влегла во станот, го затекнала синот на починатиот, кој инаку се криел, во занемарена состојба, а тој се чинел, како што велат, изгубен.
Наскоро се дознало дека човекот бил ментално болен, затоа што починал неговиот татко, тој немал што да јаде и преживеал јадејќи го месото на неговиот татко.
Итно е пренесен на Клиниката за инфективни болести, каде ќе бидат направени сите потребни тестови.
Телото на починатиот е испратено до Институтот за судска медицина, каде ќе се утврдат точните причини за смртта.