fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЏАБЕ КОНТРОЛA КОГА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАТВОРАТ КАФЕАНИТЕ ШТО ГИ КРШАТ КОВИД-ПРОТОКОЛИТЕ – ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ

Скопското кафуле “Мош” не беше затворено вчера бидејќи инспекторите немаат надлежност да затвараат угостителски објект доколку не се почитуваат ковид – протоколите туку само да поднесат кривична пријава и да напишат казна. Вчера во скопското кафуле „Мош“ каде на концерот на српскиот пејач Владо Георгиев не се почитуваа протоколите, немаше дистанца, ниту некој носеше маска, а имеш голем број гости, вели Стојко Пауновски директор на Државниот пазарен инспекторат.

„Нека размисат во Владата како понатаму, оти ние џабе контролираме и пишуваме записници кога локалите не можеме да ги затвориме. Газдите поминуваат само со парична казна од 4.000 евра, а за гостите кои не почитуваат протоколи нема никаква казна. Кафулето ‘Мош‘ има кривична пријава од минатата недела за непочитување протоколи. И вчера од концерот на Владо Георгиев е направен записник за повторно непочитување протоколи. Мора да се донесе итно законска измена за да можеме да постапуваме со затворање на локалите. Сега тоа може да го направиме само ако работат повеќе од дозволеното работно време“ вели директорот Пауновски.

Вечерва Владо Георгиев има втор концерт во кафулето „Мош“, а за утре во скопското кафуле „Интермецо“ е најавен концерт на хрватскиот пејач Тони Цетински. Пауновски вели дека повторно дека ќе бидат на терен и бараат начин и помош од другите институции како да ги прекинат забавите каде не се почитуваат протоколи.

Вчера во Македонија беа регистрирани 225 новозаболени од ковид-19 од 1.694 тестови, што е највисока бројка во земјава од почетокот на коронакризата, а најголем број новозаразени има во Скопје, каде во моментов се активни 834 случаи. Директорот на Центар за јавно здравје Скопје д-р Александар Стојанов, вели дека во Комисијата за заразни болести не се размислува, туку дефинитивно мора да има нови рестрикции, бидејќи е очигледно дека мерките што се оставени на совест на граѓаните не се почитуваат. Тој предупредува дека ако се продолжи со непочитувањето на мерките, болниците ќе се преполнат со болни од ковид-19 и граѓаните пак ќе се жалат дека не може да се стигне до лекар.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107