fbpx

Објектив

Погледни подобро

Бројката на заразени се уште е висока (191), починаа уште тројца

Бројките на новозаразени со ковид-19 падна под 200 во текот на последното деноноќие, но се уште е мошне висока, поради што здравствените власти, според информациите, денеска ги утврдија новите рестрикции, за кои Владата би одлучувала утре. Најголем дел од новите рестрикции, како што се најавува, би се однесувале на угостителските објекти, за кои се предвидува скратување на работното време, забрана за настапи на пејачи и за организирање настани…

Од Министерството за здравство соопштија дека во последните 24 часа се направени 1 350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19, со што вкупната бројка на активни случаи во нашата земја изнесува 2 693.

Оздравени се 77 пациенти и починати се три лица, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи, повеќе од половина од вкупниот број, има во Скопје-96, по што следат Кочани и Тетово со по 15, Прилеп-13, Штип, Струмица и Виница со по пет, Куманово, Гостивар, Гевгелија и Берово со по четири, Битола – 3, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Свети Николе, Валандово, Кичево и Ресен со по два случаи и Велес, Кавадарци, Пехчево и Неготино по еден нов случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од: Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-1.

Во болнички услови починати се три лица, 81- годишен пациент од Скопје, еден 67-годишен пациент од Кичево и еден 77-годишен пациент од Струга.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18 790, бројката на оздравени пациенти е 15 341, на починати е 756.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани  се  едно дете и една мајка позитивни на ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се две, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се три пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска: Чаир – 64, Гази Баба – 108, Аеродром – 170, Карпош – 138, Центар – 158, Кисела Вода – 112, Ѓорче Петров – 68, Бутел – 38, Шуто Оризари – 18, Студеничани – 9, Сарај – 16, Арачиново – 5, Илинден – 34, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 5, Петровец – 7, Зелениково – 3 и 10 странци.

Во текот на вчерашниот ден, во земјава беше регистрирана рекордна бројка од 243 нови случаи на ковид-19 од 1 831 тестирања.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107