fbpx

Објектив

Погледни подобро

Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи, ограничување на музиката и бројот на гости во локалите – препорачува Комисијата за заразни болести

Препораки на Комисијата за заразни болести што ќе бидат предложени на денешната седница на Влада се: Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на гласноста на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на луѓе кои може да седат на една маса во угостителски објект од сега дозволените 12 на четири. 

 

– Сметаме дека ова се апсолутно оправадни мерки и дека е добар период кога треба да се имплементираат. Секако, и натаму ја следиме ситуацијата и доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди, изјави Филипче за телевизија ТВ Канал 5.

 

Тој посочи дека зголемениот притисок или мини бран е очекуван и го најавувале, како есенски бран по завршување на годишните одмори.

– Имаме зголемување на бројот на случаи за над 20 во сите возразни групи, нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 и под 10 години. Тука е иста бројката. Најголем раст од дури 50 проценти има во возрасната група од 20 до 30 години и нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години, изјави Филипче.

Министерот за здравство посочи дека една од можните мерки во иднина е ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз и мерката за носење маски на отворено.

– Сè уште е рано, затоа што тоа значи освен превентивна мерка за коронаирусот и заштита од сезонски грип, настинки во ладното време и секако од загаден воздух. Значи би размислувале во подоцнежните есенски месеци за сите други мерки, изјави Филипче.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: