fbpx

Објектив

Погледни подобро

Првиот финансиер изјави: ДРАСТИЧЕН ПАД ВО ЕКОНОМИЈАТА – НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ КОН СТРАНСТВО НЕМА ДА ИМА

Ребалансот на Буџетот донесе нови планови и проекции за спас на економијата во услови на Ковид. Првиот финансиер најави пад на економијата од 4,4 проценти и вели дека падот би бил уште поголем доколку не се планираше четвртиот сет економски мерки. Во периодот од јануари до септември според Бесими бил остварен буџетски дефицит од 35,8 милијарди денари или 5,3 проценти од БДП. Потребата од дополнителни финансии го донесе и новиот ребаланс на Буџетот рече Бесими

„Вкупните приходи со измените се планирани на ниво од 196,4 милијарди денари. Во структурата на вкупни приходи даночните приходи учествуваат со 55,6 проценти и се планирани на ниво од 109 ,2 милијарди денари…“, посочи Фатмир Бесими.

Расходната страна како што информираше Бесими ќе се зголеми на 253 милијарди денари или за 4,2 отсто, односно за 10,1 милијарди денари повеќе во однос на првиот ребаланс.

„Во однос на вака планирани приходи и расходи дефицитот е позициониран на износ од 56,6 милијарди денари односно 8,4 проценти од БДП“, додаде Фатмир Бесими.

„Во однос на вака планирани приходи и расходи дефицитот е позициониран на износ од 56,6 милијарди денари односно 8,4 проценти од БДП“, додаде Фатмир Бесими.

Расходите за исплата на плати ќе останат исти.Кратења ќе има кај расходите за стоки и услуги од една милијарда денари и кај капиталните расходи со 1,2 милијарди денари.

Ново задолжување кон странство нема да има потенцираше Бесими во однос на финансирањето на дефицитот. Дефицитот ќе се финансира во одреден дел од депозитите на државата и дел преку државни хартии од вредност.

„Салдото што треба да се пренесе во наредната година како расположливи депозити што ги има буџетот ќе се намали за износ од прилика 100 милиони евра од предвидените. Првично беше дека ќе бидат 300милиони и соодветно на разликата ќе се задолжиме и на домашниот пазар“, изјави Фатмир Бесими.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: