fbpx

Објектив

Погледни подобро

СЗО СМЕТА ДЕКА 10 ПРОЦЕНТИ ОД СВЕТСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ИМАЛА КОРОНАВИРУС

Експерт на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека приближно десет проценти од светската популација веќе била заразена со коронавирус, изјави експерт на Светската здравствена

Мајк Рајан, раководител на одделот за кризни ситуации на СЗО, изјави дека пандемијата се забрзува во делови на југоисточна Азија, и дека бројот на случаи и смртни случаи расте во делови на Европа и регионот на источен Медитеран.

„Нашите најдобри проценки во моментов ни покажуваат дека околу 10 проценти од светската популација веќе била заразена со овој вирус“, објави Рајан.

Тој предупреди дека 90 проценти од светската популација сè уште е изложена на ризик да го фати ковид-19.

Говорејќи на состанокот на 34-члениот извршен одбор на СЗО, фокусиран на ковид-19 во понеделникот, д-р Рајан рече дека бројките варираат од урбани до рурални средини и меѓу различни групи, но тоа на крајот значи дека „огромното мнозинство од светот е изложено на ризик“.

Тој рече дека пандемијата ќе продолжи да се развива, но дека постојат алатки за да се сузбие трансмисијата и да се спасат животи.

„Се приближуваме до тежок период. Болеста сè уште се шири“, додаде тој.

СЗО исто така објави дека избрала експерти за меѓународна мисија во Кина за откривање на потеклото на вирусот, но тие допрва треба да бидат прифатени од кинеските власти.

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107