fbpx

Објектив

Погледни подобро

ФИЛИПЧЕ: ЗАБРАНА ЗА ГРУПИРАЊЕ ПО 22 ЧАСОТ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА

Носењето заштитни маски ќе биде задолжително секаде, на отворен и затворен простор, а од ова правило ќе бидат исклучени единствено децата помали од шест години, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе. Забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица. Задолжително носење маски секаде, на отворен и затворен простор.

Исклучок е спортување на отворено и затворено и возење на возило освен ако се од исто семејство и во угосителски објекти.

Тој рече дека состојбата кај нас иако е стабилна, може лесно да ескалира.

Комисијата за заразни болести денеска ги достави новите предлог мерки до Владата, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: