fbpx

Објектив

Погледни подобро

Талат Џафери денес ќе сведочи за случувањата на 27 април во Собранието

На денешното судење за собраниските настани од 27 април ќе сведочи Собранискиот спикер Талат Џафери.

Тој е повикан да сведочи по барање на обвинетиот Трајко Вељановски кој за време на собраниските настани од 27 април ја извршуваше функцијата претседавач со конститутивната седница по изборите во 2016та година.

Освен Џафери, денеска повикани да сведочат се уште Антонио Милошоски, Владимир Ѓорчев, Љиљана Затурска.

За насилствата од собранието како наводни организатори обвинети се Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски. Одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: