fbpx

Објектив

Погледни подобро

ФИЛИПЧЕ: 364 новозаразени со коронавирус!

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека денес во земјава се регистрирани 364 новозаразени со коронавирус.

Денес е регистрирана нова рекордна бројка на заразени со коронавирус во земјава.

„Вчера имавме рекорден број, неколку дена се движи по околу 200, вчера 317, а денес имаме 364 новозаразени“, изјави министерот за здравство Филипче на денешната прес конференција.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 86 лица, а во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 44 лица, од кои 4 се на респиратор.

„Есента дојде, состојбата е сериозна. Европа и светот постепено воведуват строги рестриктивни мерки. Како ќе се движиме ние зависи од однесувањето на граѓаните и почитување на мерките и препораките“, изјави Филипче и во повеќе наврати порача дека треба да внимаваме да не ги загрозиме болничките капацитети.

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107