fbpx

Објектив

Погледни подобро

Интер во проблеми пред градското дерби, пет играчи се позитивни на коронавирусот

Антонио Конте, тренерот на италијанскиот гигант Интер има сериозни проблеми и главоболки пред големото градско дерби со Милан идниот викенд, зашто уште три фудбалери, вкупно пет, се позитивни на коронавирус и практично поради изолација нема да може да играат на мечот.

Стоперите Антонио Бастони и Милан Шкринијар вчера отпаднаа од комбинација после позитивните тестови на ковид-19, откако биле тестирани пред настапите за младинската италијанска репрезентација односно словачката селекција.

Во Интер, каде останаа само оссуммина играчи за оваа пауза поради репрезентативните кативности, експресно направија тестови после сознанието дека двајца играчи имаат позитивни, па уште тројца сега паднале на тестовите – Раџа Наинголан, Роберто Галјардини и Јонут Раду.

Интер утре најави втора рунда тестови, а ако повторно се позитивни, дефинитивно и тие ќе отпаднат од комбинација за дербито со Милан.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: