fbpx

Објектив

Погледни подобро

МОН АПЕЛИРА: Наставниците да се чуваат од корона и надвор од работните места

Министерството за образование испрати апел до наставниците, учениците и родителите, да се однесуваат одговорно и надвор од училиштата и на работното место.

Ова следува откако за само една недела по почетокот на училишната година веќе 53 ученици и 8 наставници се во изолација поради појавата на позитивни случаи на Ковид-19 меѓу нив.

„МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, доколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата”, пишува во апелот на МОН.

Градоначалникот на Центар вели дека постојано се во комуникација со директорите на училиштата. По последниот случај од училиштето Гоце Делчев, каде ученик од прво одделение и неговата мајка која предава таму, се позитивни на вирусот, и Богдановиќ повика на поголема одговорност од сите кога се работи за јавното здравје.

По точно еден месец откако градинките почнаа со работа, билансот е 10 деца и 21 вработен инфицирани од Ковид-19, поради што изолирани се околу 150 лица. Министерката за труд вели дека на дневно ниво ја следат состојбата на терен.

Дека не ја стекнале инфекцијата во градинка бидејќи членовите дома им се позитивни…дека нема да ризикуваат по секоја цена да работат градинките и тоа ќе зависи од натамошните бројки, Комисија за заразни утврдува тоа.

При посета на еден од малите групни домови за деца без родителска грижа, министерката рече дека немаат сите деца техничка можност да ја следат онлајн наставата, но вработените во домовите работат на решавање на проблемот за секое дете да добие таблет за следење на онлајн наставата.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: