fbpx

Објектив

Погледни подобро

Светска банка прогнозира: СИРОМАШТИЈАТА ЌЕ РАСТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Светка Банка предвидува дека заради корона кризата дополнително ќе осиромашат над 75 илјади лица во земјава. Во последниот извештај наведуваат дека од 17% стапката на сиромашни може да достигне 23 отсто. Банката ги зема в предвид лицата кои живеат со 5,5 долари на ден, или со скоро 9,000 денари месечно. Такви пред кризата биле 55 илјади, а до наредната година се предвидува нивниот број да надмине 130 000 лица.

– Голем дел од несиромашното население остана под ризик да падне во сиромаштија ако биде погодено од шок, како ковид кризата. Слабите вештини на образование и работната сила го поткопуваат човечкиот капитал, што заедно со вкупната продуктивност се најниски на Западен Балкан, пишува во Извештајот.

Ако кризата потрае ќе се зголеми и бројот на лица кои живеат на прагот на сиромаштија, односно со под 2 долари дневно. Само од март до јуни на оваа група се приклучија нови 12.000 лица. Бројките на вработени кои добиваат отказ постојано расте. Според последните податоци на Агенцијата за вработување, нови 2,000 лица се отпуштени само во септември, додека вкупниот број граѓани кои го загубија работното место од март до септември само поради ковид кризата достигна 15,000 лица.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107