СРПСКИТЕ СЛУЖБИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: АЛБАНЦИ СПРЕМААТ НАПАДИ НА КОСОВО
Српските служб тврдат дека Албанците спремаат напади.
Службите за безбедност на Србија го предупредија државниот врв дека се подготвуваат организирани напади и провокации од Албанци.
„Србите на Косово, особено оние во енклавите, во следните денови ќе бидат на мета на организирани провокации и напади од Албанци, а сѐ со цел да се створи нестабилност која би довела до повторен застој на дијалогот меѓу Белград и Приштина како опструкција на соработката со Специјалниот суд во Хаг“, пишуваат белградските медиуми.
Во последните неколку дена зачестени се нападите на српското население во Косово, а во еден инцидент е вклучено и дете.
Медиумите пишуваат дека албанските челници во Косово од почетокот на септември спроведуваат акција под кодно име „Чест“ за да спречат подигнување на обвинение на претстедателот на Косово, Хашим Тачи и неговиот соработник Кадри Весели, поради убиство на скоро 100 луѓе, воени злосторства, прогони и мачење, пред Специјалниот суд во Хаг.
При крајот на септември, ЕУЛЕКС приведе две лица на Косово во еден ден.
Уапсен беше братучедот на екс премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.
Во 2018 година имаше повеќе инциденти на Косово.